Мрме може да здивне, Адеми не е меѓу заразените со коронавирусот во редовите на Динамо

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме може да здивне. Македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот повеќекратен првак Динамо Загреб, Аријан Адеми не  меѓу четворицата ново заразени играчи од коронавирусот во тимот од Максимир.

Тоа е убавата вест за македонската спортска јавност во пресрет на финалниот меч од Лигата на нации, со Грузија на 12 ноември во Тбилиси кој на „црвено-жолтите“ може да им донесе историски пласман на завршницат од ЕП.

Собирот за македонската репрезентацијата е закажан за 9. ноември во Скопје, по што експедицијата заминува за Тбилиси каде ќе го игра историскиот натпревар за пласман на јубилејното ЕП- 2020, чија завршница поради пандемијата од коронавирусот е поместена за идната година, а од истите причини сега стасува и најава од УЕФА дека наместо во 12 градови на „стариот континент“ можно е да се организира во само една земја домаќин.

Треба да знаете
Последни објави