Арсовски: Семејните фирми на Бочварски добивале тендери и во 2018 година

Системот на Зоран Заев за црпење на народни пари во семејни и фирми блиски до партијата на големо бил инсталиран и во општина Штип.

Благој Бочварски и СДСМ тоа го правеле со цел буџетските пари кои штипјани ги плаќале преку даноци да завршат на сметките на фирмите блиски до семејството Бочварски или партијата.

Денес ќе презентираме уште еден тендер кој општина Штип или фирми под директна надлежност на општина Штип ги доделувале на фирми блиски на доскорешниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски.

На ден 31 октомври 2018-тата година, една година откако станал Бочварски градоначалник повторно ЈП Стипион 2011 доделува тендер по пат на јавна набавка на семејната фирма на Бочварски, „Пелагонија Инжинеринг“ ДОО Штип, која е застапувана од неговиот чичко каде што јасно може да се види и во овој документ кој што е јавен.

Тендерот е со намена набавка на услуги за градежни машини, односно поконкретно работа со булдожер. Повторно и денес и вчера не верувам дека фамилијата Бочварски се единствени што имаат булдожер како компанија во тој регион.

Ова е класичен начин на цицање на пари од граѓаните преку општинските претпријатија.

Да потсетиме дека општината на Благој Бочварски кој што е доскорешен градоначалник во Штип, само еден ден откако стана министер за транспорт и врски, преку институцијата која е под општинска надлежност доделила милионски тендер на фирмата „Де Лукс“ ДОО, фирма во која што исто така сопственици се неговиот татко и неговиот чичко.

Исто така на 8-ми ноември 2019-тата година, време кога тој е градоначалник, една од неговите семејни фирми „Пелагонија Инжинеринг“ ДОО Штип, за која што говориме и денеска каде управител е Владимир Бочварски, имено неговиот чичко добива неколку договори за јавни набавки за услуги на градежни машини исто од ЈП Стипион 2011 Штип, претпријатие кое што е основано од општината.

Почитувани,

Бочварски може да се прави недоветен колку сака, ама ако општинските претпријатија и институциите под општинска надлежност склучувале тендери со неговите семејни фирми де факто значи дека општината која тој ја управувал го правела тоа. Ова е скандалозно.
Ова говори дека тој можеби директно влијаел семејните фирми да се богатат на сметка на општинскиот буџет и на сметка на грбот на граѓаните на Општина Штип. Овде постои сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност и криминал.

Антикорупциска комисија сите овие случаи треба да ги испита и процесуира и ако се докажат овие наводи да ги санкционира. Во спротивно се соучесници на криминалот, како и впрочем и до сега, бидејќи молчат.

 

Треба да знаете
Последни објави