Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 19.768 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новоинфицирани лица во таа земја од почетокот на пандемијата, пишува Си-ен-ен.
Центарот за контрола и спречување на ширење на коронавируси во Русија соопшти дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 инфекцијата е потврдена кај вкупно 1.693.454 лица и дека вкупно 29.217 пациенти починале како резултат на инфекцијата, вклучувајќи 389 во изминатите 24 часа.
Во истиот период, закрепнале уште 15.567 луѓе, вкупно 1.266.931 од почетокот на пандемијата.
Епицентарот на пандемијата во Русија е Москва, каде што 445.181 лице се заразени со коронавирус, а 7.004 пациенти починаа како резултат на инфекцијата. Повеќе од 62,4 милиони луѓе биле тестирани во Русија.