Светска здравствена организација предупредува дека „дополнително е забрзано” ширењето на пандемијата во Европа, каде минатата недела пријавени се речиси половина од случаите со Ковид-19 во светот.
Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува дека изминатата недела во Европа забележан е пораст од 46 отсто во споредба со претходната недела на смртните случаи од новиот коронавирус.
Пораст на бројот на починати од последици од Ковид-19 е забележан и во Северна и во Јужна Америка, но за два отсто.
Најголем број на новозаразени во Европа регистрирани се во Франција,во Италија и во Велика Британија, додека во Андора, во Чешкаи во Белгија потврдена е највисока стапка на заразеност.