Четири лица, жена и тројца мажи, биле ранети пред Белата куќа ноќта по изборите, пренесуваат американските медиуми.
Тие биле прободени со нож, немаат рани опасни по живот, но биле пренесени во болница, соопшти полицијата.
Stabbing: 1400 b/o New York Avenue, NW. LOF: Lookout is for Suspects (1 & 2) B/Ms wearing all black clothing and Suspect (3) B/F wearing black sweatpants w/ white stripe, orange leggings and a dark gray coat armed with a knife
— DC Police Department (@DCPoliceDept) November 4, 2020
Полицијата соопшти дека жртвите од нападот се декларирале како приврзаници на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Police investigating a stabbing in DC at 14th Street & New York Ave #DC #Washington pic.twitter.com/2HTxvw709d
— Brendan Gutenschwager (@BGOnTheScene) November 4, 2020
Четири лица се повредени во расправија со тројца осомничени во близина на раскрсницата од 14. улица и Северозападна њујоршка авенија околу 2:30 часот, соопшти полицијата, јави „Ен-би-си Вашингтон“.
Полицијата соопшти дека трага по тројца осомничени, двајца мажи и една жена.