УЕФА не се откажува завршницата од ЕП-2020 да ја организира ширум „стариот континент“

По најавите кои се појавија во медиумите дека УЕФА има намера завршницата од јубилејното ЕП-2020, закажана за идната година, да ја напшрави во една наместо во 12 земји како што беше планирано, се огласи Нион да ги демантираат информациите дека континенталниот собир ќе се одигра само во Русија.

-УЕФА не се откажува од идејата првенството да се одржи во 12 земји и ќе се обидеме ако тоа условите го дозволуваат на трибините да присуствуваат навивачи, изјавил висок функционер на Европската асоцијација.

Иако се уште нема официјална реакција, постои голема веројатност дека Азербејџан поради конфликтот со Ерменија да биде симнат од листата на домаќини, но за конечна одлука очигледно има доволно време и се ќе зависи од развојот на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Шпекулациите околу наводната измена на начинот на организирање на Европското првенство се појавија по изјавата на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој оваа опција ја посочи бидејќи се уште е неизвесно каква ќе биде епидемиолошката состојба во поголемиот дел од земјите на Стариот континент.

Треба да знаете
Последни објави