Груби на средба со унгарскиот амбасадор Дукс

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Дукс денеска оствариле средба на која изразиле надеж дека за време на германското претседавање со Европската унија, Северна Македонија ќе ги надмине отворените прашања со Бугарија и ќе го продолжи процесот на интеграција кон ЕУ.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека Груби истакнал дека соработката со земјите членки на Унијата останува приоритет за Владата и оти очекува поддршка од Унгарија за време на првата меѓувладина конференција со Европската Унија.

Груби во разговорот со унгарскиот амбасадор посочил и дека неселективната правда и владеењето на правото во земјава ќе се постигнат само преку целосна транспареност и преку ветинг на носителите на јавни функции, судии и обвинители.

Двајцата соговорници разговорале и за мерките што двете држави ги преземаат во врска со здравствената и економската криза предизвикана од Ковид -19, како и за начините како да се закрепне оваа ситуација.

Треба да знаете
Последни објави