Италија во изминатите 24 часа регистрираше 30.550 нови случаи на коронавирус, а починаа 352 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.
Бројот на нови случаи е поголем од вчера кога беше 28.244, додека бројот на смртни случаи претходниот ден беше 353.
Вкупно 39.764 луѓе починаа во Италија од последиците на Ковид-19, додека досега се регистрирани 790.377 случаи на инфекција.
Северната провинција Ломбардија, каде се наоѓа италијанската финансиска престолнина Милано, останува најтешко погодената област, со денеска регистрирани 7.758 нови случаи.
Втора најтешко погодена е јужната провинција Кампанија, каде се евидентирани 4.181 случај.