Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
„Мерните станици низ Скопје покажуваат зголемена загаденост на воздухот и до 2-3 пати над дозволеното. Грејната сезона само што почна, зимата е уште далеку, а Скопје тоне во загаден воздух. И додека скопјани се гушат Петре Шилегов не прави ништо да го промени тоа. Нема инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, нема инвестиции за намалување на загадувањето.
Поминаа три години откако Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше Ајро Ајро и ветуваше чист воздух веднаш, но еве и по три години ништо не е сменето, напротив загаденоста на воздухот е поголема од кога и да било претходно.
Со Шилегов не добивме чист воздух, со Шилегов добивме загаден воздух, и многу фрлени пари на тендери и сомнителни набавки, а ниту едно дени за подобрување на квалитетот на воздухот.
Скопје памети и не заборава. Следува казна за труењето.