Управниот одбор на Националната агенција ја разреши директорката Лидија Димова од должноста пред истекот на мандатот за кој што е избрана, поради утврдени сериозни неправилности во нејзиното материјално-финансиско работење.
Откако финансиската полиција поднесе кривична пријава до обвинителството за Димова и уште неколку лица за злоупотреба на европски пари, судот денес одлучи да и го одземе пасошот.
Како што објави А1 ОН, за нов директор е избран Марко Ѓоргиевски, кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Гази Баба.