Откако квалификацкиот натпревар за ракометното ЕП-2022 меѓу Данска и Швајцарија кој требаше да се одигра вчера беше одложено поради тоа што се чекаа резултати од тестирања за коронавирусот на швајцарските репрезентативци, истиот е презакажан за денеска со почеток од 20 часот. Ове две репрезентации се дел од квалификациската група 7 каде настапува и македонската репрезентација која вчера го почна новиот циклус со очекувана победа против Финска во Скопје (33:24).
Швајцарија е противникор во 2. коло на Македонија, па овој денешен натпреавр во Данска ќе биде убава можност да се види со каков квалитет располага селекцијата на која ќе „црвено-жолтите“ ќе и гостуваат во Шафхаузен на 7 ноември (сабота).