Филипче со својата неспособност и Итната медицинска помош ја стави на респиратор.
Филипче во 2018-тата бројот на возила ги преполови и функционираа на само од 5 до 6 возила само на територија на Град Скопје. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните до ден денес посебно кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови.
Службата за Итна помош во 2017 на територија на Скопје се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа. Во тој период сите беа функционални, но година подоцна повеќето од нив воопшто не се во возна состојба по вина на Филипче.
Филипче не вложи ништо во јавното здравје, напротив сакаше се да приватизира.
Неспособноста на Филипче го урниса здравствениот систем, а за тоа ќе одговара пред судот на граѓаните.
Оставка од Филипче е потребна час поскоро, на Македонија не и е потребен ПР министер, туку министер за здравство кој ќе го заштити здравјето на граѓаните.