Пирло е задоволен од резултатот, но не и од покажаната себичност на играчите

Тренерот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од резултатот кој неговите избраници го постигнаа на гостувањето кај Ференцварош (4:1) во рамките од 3. коло во групната фаза од Лигата на шампионите, но не и од играта на неговите избраници.

-Задоволни сме од резултатот, но можевме да пружиме подобро издание. Направивме многу грешки, треба да се подобриме. Зборувам со моите играчи многу, но кога се на терен тие ги носат одлуките. Можеа да бидат помалку себични и да го решевме натпреварот многу порано, порача Пирло.

Треба да знаете
Последни објави