Мајкл Џ. Фокс: Не можев да паднам пониско од ова

Мајкл Џ. Фокс, можеби најпознат по филмот „Враќање во иднината”, откри дека е благодарен што ги поминал најмрачните моменти во животот, откако му бил отстранет туморот на ‘рбетот.

Зборувајќи за списанието „Пипл” за неговите борби во животот, 59-годишниот глумец објасни оти многу лошо му паднало и тоа кога ја скршил раката.

– Тогаш, просто, пукнав. Бев потпрен на ѕидот во мојата кујна, чекајќи да дојде брзата помош и чувствував дека не можам да паднам пониско од ова. Се чувствував како да нема светло за мене на крајот од тунелот, затоа што во исто време имав и Паркинсон, отстранет тумор, а сега и скршена рака, раскажува тој.

Но, и покрај миговите кога не се чувствувал добро – психички и физички, тој уверува дека неговата благодарност кон животот е искрена и подлабока, сега, откако ги минал сите низ тешки периоди.

– Луѓето не ми веруваат кога велам дека го сакам животот... Мојот живот сега е смирен и, всушност, навистина добро се забавувам, вели Мајкл.

Нему му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, а тој јавно проговоре за тоа 1998 година. Скоро потоа ја основа Фондацијата „Мајкл Џ. Фокс”, којашто прибира милиони долари за финансирање на истражувањата околу оваа болест. 

Треба да знаете
Последни објави