Рекордни 2.848 нови случаи на коронавирус се регистрирани денеска во Хрватска. Од нив, повеќе од 400 новозаболени лица се во Загреб.
Во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 497 примероци од брисеви на Ковид-19 во Институтот за јавно здравје на округот Истра. Потврдени се 79 новоинфицирани лица од округот, што е рекорд за Истра.
Другите податоци ќе доцнат, објави хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.