Мицкоски бара одлагање на предвремените избори во Штип затоа што знае дека ќе изгуби, воопшто не му е грижа за јавното здравје
Барањето за одлагање на предвремените локални избори во Штип е само затоа што Христијан Мицкоски сака да ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ и знае дека повторно ќе загуби, Мицкоски повторно бега од граѓаните, се плаши од нов пораз, од нова казна од граѓаните за неговите погрешни политики истакна портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
– Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница, посочи Костадинов.
На Мицкоски, додаде Костадинов не му е грижа за здравјето на граѓаните, затоа што тој е најголема закана за јавното здравје.
– Изборите ќе бидат стопроцентно безбедни по јавното здравје. Она што не е безбедно по здравјето на граѓаните се протестите на ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните активности во Парламентот, спротивни на протоколите, посочи Костадинов додавајќи дека за ваквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следува нова казна од граѓаните.