Шведска ги засилува граничните контроли поради закана од тероризам

Шведска ќе ја продолжи граничната контрола од 12 ноември до мај следната година поради зголемената безбедносна закана, соопшти денеска шведската влада.

„Нивото на закана од тероризам е зголемено и нашата проценка е дека е потребна контрола на границите на Шведска“, рече шведскиот министер за надворешни работи Микаел Дамберг, пренесува „Ројтерс“.

Во последната недела се случија два терористички напади во Франција и Австрија, во кои загинаа седум лица, а неколку беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави