Во болницата во Велес, покрај Инфективното одделение, неделава се наполни и еден крак на Интерното одделение со пациенти од Ковид-19.
– На Инфективното одделение, кое е засебна зграда од велешката Општа болница, моментално се хоспитализирани 52 пациенти, а дополнетиот капацитет е 54 легла. Од нив, 47 пациенти се потврдени на Ковид-19, а пет се сомнителни и чекаат резултати. Еден пациент како излекуван бил испишан со два последователни негативни теста, а 15 пациенти се на кислородна поддршка, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Блница Велес.
Скоро полно е Интерното одделение Б, крак кое е во склоп на болницата и кое оваа недела беше преадаптирано во нов ковид центар за сместување.
Таму се хоспитализирани плус 16 пациенти од кои 12 сомнителни на Ковид-19, двајца позитивни и двајца негативни, но со тешка клиничка слика и наод за масовна пневмонија. Тројца пациенти на Интерно се на кислородна поддршка,информира д-р Неделковска Николова.
Во ГОБ „8 ми септември” во Скопје починал 75 годишен пациент од Велес. Тој е 38-та жртва на Ковид-19 од велешко од почетокот на епидемијата.