Задоцнетите и несоодветни мерки на Филипче и Заев се причина за 1275 заразени во само еден ден

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

“Секој ден нови тажни рекорди. Во последното деноноќие од направени 3331 тест, позитивни се 1275. Бројката на починати се движи кон 1.100, а има речиси 13 илјади активни случаи.

Со вакви бројки Македонија е на врвот на листата на заболени во регионот и пошироко.

Ова е резулат на задоцнети и несоодветни мерки преземени од министерот Филипче и владата предворена од Зоран Заев. Болничките капацитети се веќе полни, медицинскиот кадар исцрпен, а бројките на новозаболени од ден на ден се поголеми. Со вакво темпо следи уште полош период. Дополнително, доцни и вакцинирањето за сезониски грип, кое вообичаено започнува средина на октомври, а годинава и покрај вака лошата ситуација поради КОВИД-19, е најавено за средина на ноември.

 

 

Треба да знаете
Последни објави