Министерството за труд и социјална политика информира дека од 06.11.2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец 10.2020 година:
• Гарантирана минимална помош ГМП
• Социјална парична помош-ретроактивна исплата
• Постојана парична помош-ретроактивна исплата
• Туѓа нега
• Еднократна парична помош
• Мобилност и слепило
• Социјално домување
• Социјална сигурност-социјална пензија
• Парична помош за згрижувач
• Паричен надоместок за згрижувачко семејство
Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 6 ноември (петок ) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 9 ноември (понеделник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
-10 ноември (вторник) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 6 ноември 2020 година.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.