Еден од најдобрите фудбалери во историјата на најважната споредна работа, Аргентинецот Диего Армандо Марадона почна да се рехабилитира по операцијата на хемтомот на главата. За здравствената состојба по хирушката интервенција информации со бројните љубители на фудбалот сподели неговиот личен лекар Леополдо Луке.
Според лекарот Луке состојбата на „божјата рака“ е добра.
-Марадона е контактибилен, тој зборува, и е многу е расположен. Добро е што може и да се шета низ клиниката, рехабилитацијата се одвива одлично, резултатите од скенирањето се добри и сите сме среќни за тоа, соопштил Луке.