59-годишниот актер се бори со Паркинсонова болест речиси 30 години.
Мајкл Џ. Фокс неодамна откри дека во последно време има потешкотии со краткотрајната меморија.
„Краткотрјната меморија ми е влошена. Секогаш имав вистинска умешност за паметење текст од филмови“, изјави тој за магазинот „Пипл“.
Сега, кога Мајкл смета дека глумата е потешка од кога и да е, тој се фокусира на пишување како негов креативен излез, бидејќи, како што рече, неговата состојба му оневозможува да се занимава со неговите омилени хобија, кои вклучувале скицирање и свирење гитара.
И покрај неговата здравствена битка, Мајкл – кој треба да ги објави своите четврти мемоари No Time Like the Future на 17 ноември – останува оптимист за сопствената иднина.
„Оптимизмот е одржлив кога постојано се навратувате на благодарност, а она што произлегува од тоа е прифаќањето. Прифаќање дека се случило ова нешто, и го прифаќате како такво. Не значи дека не треба да настојувате да се промените“, рече тој во разговор со магазинот „Пипл“.
Холивудскиот актер, најпознат по филмот „Враќање во иднината“, имал 29 години кога му била дијагностицирана болеста.