Припадници на ЕУЛЕКС вршат претрес во куќата на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, пренесуваат приштинските медиуми. Тачи од вчера се наоѓа во притвор во Хаг, откако му беше потврдено обвинението од страна на Специјалниот суд.
Тачи, Кадри Веселеи и други осомничени се за воени злосторства во Косово, меѓу кои и речиси за 100 убиства.
Жртви на кривичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меѓу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти претходно Специјалното обвинителство.
Од мисијата на ЕУЛЕКС која пружа логистика и оперативна поддршка за апсење обвинети. вчера порачаа дека секој кој сторил криични дела треба да одговара, а судењето да биде чесно.