Британската водителка и манекенка Кели Брук (40) секогаш блеска на фотографиите на Инстаграм каде ја следат 1,2 милиони луѓе, но кога не се фотографира и не е пред камерите, таа е сосема поинаква жена.
На фотографиите коишто осамнаа во таблоидите, на кои Кели го шета своето куче Теди низ Лондон, таа е речиси непрепознатлива. Без шминка и во секојдневно издание, облечена во долга јакна, тренерки, патики и очила за сонце, ретко кој би рекол дека станува збор за личност која често се наоѓа на листата на најсексапилни жени на светот. Таа своевремено беше прогласена и за најубавата жена на светот!
Во минатото, таа честопати се пресметуваше со грдите коментари на сметка на нејзините бујни облини.
Инаку, старлетата е во врска со францускиот модел и актер Џереми Париси (33), со кого живее во нејзиниот луксузен стан во Лондон.
Преземено од +инфо