Специјалното обвинителство во Хаг денеска соопшти дека во тек се операции на Специјалното обвинителство на Косово и оти се одвиваат со поддршка на косовската полиција и мисијата на Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).
Подетални информации ќе бидат доставени наскоро, пишува во соопштението.
Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување” во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели, јави Танјуг повикувајќи се на приштински медиуми.
Според некои медиуми, пред куќата на Тачи бил виден и поранешниот министер за правда Абелард Тахири.
Силите на ЕУЛЕКС од утрово се и во седиштето на Демократската партија на Косово, додека пред просториите на партијата има припадници на косовската полиција. Полицајци има и пред семејните домови на Селими, Тачи и Весели, јави и агенцијата Бета.
Тачи и Весели од вчера се во притвор во Хаг, откако Специјалниот суд го потврди обвинението против нив во кое, заедно со други осомничени, се обвинуваат за голем низа воени злосторства на Косово, вклучувајќи и речиси 100 убиства.