Живееме во време на пандемија, што не знаеме колку ќе трае, мора да учиме да живееме со неа, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита на здравјето, но избори во Штип мора да има за да не влеземе институционална криза и градот да биде затворен во однос на институциски решенија за функционирањето, истакна пратеникот на СДСМ Сашко Николов и кандидат за градоначалник на Штип, за „Утрински брифинг”.
Во однос на ставот на опозицијата, на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ во врска со локалните избори во Штип, Николов посочи дека ретроспективно кога почна пандемијата им сметаше пандемијата за одложување на парламентарните избори, па беа против вонредна состојба, па бараа вонредна состојба, на 23 октомври лидерот на опозицијата најави дека ќе одат на избори во Штип, па сега слушаме нема да одат.
Опозицијата има анемичен став, нема буквално никаков став за ниту едно клучно прашање, особено за битните прашања, за нашиот трасиран пат кон ЕУ и НАТО и продолжуваат со истиот став да прават опструкција и деструкција да влеземе од една пандемија и здравствена и економска криза во инстутиционална и општествена криза, истакна Николов.
Во врска со приоритетите, како градоначалник на Штип, Николов порача дека има уште 8 до 10 месеци да работиме, пред се на реализација на сите проекти од програмата од 2017 година.
Ако победиме, а ќе победиме приритет ќе биде подобар ред и дисциплина, поголема продуктивност и ефикасност на сите комунални и општествени инситуции на град Штип, нагласи Николов.
Мораме да направиме ред и дисциплина, моја цел е да ги доведам работите на уште подобро ниво, да бараме поидеално решение, поголема ефективност, продуктивност, експедитивнст, граѓаните да бидат задоволни од продуктивноста и ефикасноста на институциите. Транспарентност и отчетност се приоритети на СДСМ, да работиме транспатрентно тоа е приоритет на секој функционер, на секој поединец, бидејќи ова се пари на граѓаните и се што работиме го работиме за граѓаните, за подобри услови за сите наши граѓани, истакна Николов
Тој нагласи дека иако на локалните избори во Штип настапува како кандидат на СДСМ, првиот човек на градот мора да биде татко на сите граѓани, а демократското гласање ќе биде пример како се води една кампања и како треба да изгледаат едни избори на локално ниво.
На прво место е мојата грижа за здравјето на граѓаните, како доктор останувам посветен на моето мото, без оглед на се, здравјето на граѓаните ќе биде приоритет, кампањата ќе се води со протоколи и мерки за заштита од ковид, граѓаните да бидат сигурни и да излезат на гласање да го дадат својот глас на демократски и фер избори, за својот соодветен кандидат, порача пратеникот на СДСМ и кандидат за градоначалник на Штип Сашко Николов, за „Утрински брифинг”.