Во Хрватска бројот на новозаразени од коронавирусот во еден ден достигна 2.890 лица

Во Хрватска бројот на новозаразени лица од коронавирусот за еде ден достигна до 2.890, а починале 34 пациенти кои се бореле со оваа болест, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. бројот на активни случаји во земјата денеска изнесува 15.567, хоспитализирани се 1.307 лица од кои на респираторна машина се приклучени 135.

Од 25 февруари во Хрватска до денеска вкупно се евидентирани 62.305 заразени лица од коронавирусот од кои починале 707. Оздравени се 46.021 од кои 2.645 во последните 24 часа.

Во самоизолација се наоѓаат 33.467 лица. Досега се тестирани 541.605 од кои во изминатото деноноќие биле направени тестови на 9.317 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави