Се соблече докрај за да разменува страсти со холивудската дива: „Бакнувањето со Никол воопшто не ме исплаши“

 

Младата италијанска актерка Матилда де Ангелисо привлече вниманието во серијата во која што снимила страстни сцени со Никол Кидман и во која што се соблекла до крај.

Една од сериите за која што овие денови најмногу се зборува е „The Undoing“ со Никол Кидман, Хју Грант во главните улоги, а која што е правена врз основа на роман.

Во серијата се појавува и 25-годишната италинаска ѕвезда Матилда де Ангелис,чија сцена со страстните бакнежи и голотии со Никол Кидман е жешка тема.

Младата актерка тврди дека тоа не ѝ претставувало никаков проблем и дека нималку не се исплашила од интимната средба.

„Да ја бакнуваш Никол е нешто што воопшто не ме исплаши. Знам добро да се бакнувам, па не се грижев за тоа“, изјавила Матилда во интервју.

Тоа чувство на самодоверба без сомнеж ѝ помогнало на младата актерка да ја добие и улогата заедно со Никол и Хју, иако е релативно непознато лице во актерскиот свет.

Првата професионална улога таа ја добила пред пет години кога се појавила во неколку италијански проекти.

Оваа серија е нејзина прва соработка со американска продукција и нејзината прва улога на англиски јазик. Актерката која што живее во Рим, со месеци учела англиски јазик пред да стигне во Њујорк каде што минатата година се одвивало снимањето на филмот.

„Тоа беше мојата прва посета на Њујорк. Бев многу возвудена. Њујорк е можеби најзнаменитиот град во светот. Ми беше многу интересно да шетам и да се губам по градот. Постојано ги забележував местата кои што ми беа познати од филмовите“, изјавила Матилда.

Преземено од Точка
Треба да знаете
Последни објави