Во Шпанија 368 починати за еден ден, речиси 22.000 новозаразени

Во Шпанија во четвртокот се забележани 368 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи за еден ден во вториот бран на епидемијата, објави Министерството за здравство.

Ова нагло зголемување на бројот на смртни случаи е забележано само еден ден откако владата воведе нова методологија за евидентирање на болни и починати.

Во последните 24 часа се евидентирани речиси 22.000 нови случаи.

Вкупно се заразени 1.306.316 лица, а починале 38.486 лица

Треба да знаете
Последни објави