Видеосредба Заев – фон дер Лајен идниот петок

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, соопшти дека претседателката Урсула фон дер Лајен ќе оствари виртуелна средба со македонскиот премиер Зоран Заев во петок, 13 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен и Заев требаше да се сретнат физички кон крајот на октомври, но средбата беше откажана поради рестрикциите за Ковид-19 во Белгија и самоизолацијата на претседателката, по контакт со позитивен на вирусот.

Средбата е сега конечно закажана за идниот петок. Ова ќе биде нивна прва средба од последните парламентарни избори во Северна Македонија, и неколку дена пред клучниот министерски состанок на ЕУ на кој треба да биде усвоена преговарачката рамка на Унијата со Северна Македонија

Треба да знаете
Последни објави