Ако мислевте дека само сегашниот американски претседател Доналд Трамп има скандалозно семејство, размислете уште еднаш.
Скандалот не го поштеди ниту семејството на неговиот противник на изборите, демократот Џо Бајден, со кого се уште ја води битката за победа. Досега, за 77-годишниот Бајден се пишуваше главно преку неговите животни трагедии, а поранешниот американски потпретседател преживеа навистина многу животни удари.
Во 1966. година, Бајден дипломирал право и се оженил со Нилиа Хантер. Двојката имаше три деца, синовите Бо (Џозеф) и Хантер (Роберт) и ќерката Наоми која пристигнала прва. За жал, големата семејна среќа не траела долго.
Сопругата на Бајден отишла да купи новогодишна елка и украси со децата за време на Божиќните празници во 1972 година, а потоа се случила страшна сообраќајна несреќа. Камион влетал во автомобилот на неговото семејство, а неговата сопруга и ќерката починале на самото место. Синовите преживеале, но биле тешко повредени. Било седум дена пред Божиќ.
Преку ноќ, Бајден стана вдовец со две мали деца кои станаа центар на неговиот свет, а потоа три години подоцна ја запозна својата втора сопруга, професор по англиски јазик и литература, Џил Џејкобс.
Тие се венчале во 1977. година, таа се грижела за момчињата, а во 1981 година парот ја добил ќерката Ешли. И кога се чинеше дека Бајден повторно создаде среќен и мирен живот, повторно се случила семејна трагедија. На неговиот син Бо му бил дијагностициран малигнен тумор на мозокот. Бил подложен на две операции и силни хемотерапии но на 46-годишна возраст ја загубил битката за живот.
За скандал после тоа се погрижил неговиот син Хантер. Денес, 50-годишник кој од 2019 година е во среќен брак со Мелиса Коен, со која пред неколку месеци добил дете, а ова му е втор брак…
Преземено од Екран