Мрме со проверени сили ќе тргне во поход да обезбеди премиерен настап на ЕП

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме го објави списокот со играчи за претстојниот историски натпревар против Грузија на 12 ноември во Тбилиси, кој може да им обезбеди премиерен настап на завршницата од јубилејното ЕП-2020, кое идната година ќе се одржи ширум „стариот континент“. Овој дуел е финален од првото издание на новото натпреаврување Лига нации. Покрај овој историски дуел пред македонскиот национаен тим во ноемврискиот репрезентативен термин се и два дуели од групата во тековната втора сезона на истото натпреаврување Лига нации со Естонија и Ерменија.

Против Естонија македонскиот државен тим ќе игра во Скопје на 15 ноември, а со Ерменија на неутрален терен на Кипар на 18 ноември.

Селекторот Ангеловски останува на својата стратегија да не прави експерименти околу тимот. неговата девиза тимот што победува не се менува останува во игра и за историскиот меч со Грузија. „Мрме“ со проверени сили ќе тргне во поход да го обезбеди премиерниот настап за „црвено-жолитите“ на завршница од ЕП. Тоа ќе треба да го остварат неговите избраници кои кои со резултатите се изборија да го играат овој најзначаен меч за мак-фудбалот.

Ангеловски одлучи да повика четворица голмани бидејќи Столе Димитриевски нема да биде во можност да брани на мечот со Естонија поради црвениот картон на дуелот со Грузија во Скопје, кој се одигра  изминатиов месец во Скопје во рамките од групата 2 во Ц -сегментот во новата сезона. Средбата заврши без победник (1:1), но остана впечатокот дека селекторите не ги отворија до крајот „картите“ во пресрет на ноемврискиот решавачки судир.

Голмани: Столе Димитриевски, Мартин Богатинов, Дамјан Шишковски, Даниел Божиновски.

Одбрана: Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Езџан Алиоски.

Среден ред: Енис Барди, Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов.

Напад: Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Крсте Велкоски, Влатко Стојановски.

Треба да знаете
Последни објави