Со зголемува бројот на тестирани, расте и бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија, каде во последното деноноќие за парвпат 25 отсто од тестирани се позитивни на вирусот.
Според Министертвото за здравство и социјална заштита од направенте 1.954 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 489, што е нов негативен рекорд.
– За жал битката ја загубија шест пациенти,односно досега 549. Се зголемува и бројот на оние на кои им е неопходно болничко лекување. Во трите ковид болници хоспитализирани се 350 пациенти, информираше министертвото.
Во меѓувреме лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, го обвини прмиерот Еди Рама дека „ја изгубил контролата над пандемијата”.
-Бројот на лица заразени со Ковид-19 руши рекорди. Стотици луѓе ги загубија своите животи и за жал многу други се во опасност. Наместо да преземе нешто и да има план против пандемијата, Рама продолжува да им плаќа на своите клиенти и да ја напаѓа опозицијата што ги обелодени фактите. Наместо да го зголемува бројот на лекари, медицински сестри и болнички кревети, тој дава милиони на мафијата за подигање отпад. Рама ја изгуби контролата над пандемијата. Откако ја уништи економијата, сега ги уништува животот и здравјето на луѓето, напиша Баша на Твитер.
Од почетокот на пандемијата, во првите денови на март, до сега, во Албанија се направени 135.245 тестови, што во просек значи по 540 тестови дневно. Според познати албански епидемиолози дневно треба да се прават по најмалку 2.500 тестови.