Медведев за 64 минути го победи Шварцман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз

Данил Медведев одигра еден од најсилните мечеви во сезоната и забележа убедлива победа во два сета (6-3, 6-1) над Диего Шварцман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз.

Првиот руски рекет дефинитивно доминираше над својот аргентински противник и го заврши мечот за само 64 минути, пласирајќи се меѓу четворицата најдобри на турнирот.

Во натпревар за место во финалето, Медведев ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Милош Раониќ и Уго Умбер.

Медведев имаше осум аса за време на мечот, додека Шварцман не успеа да го стори тоа ниту еднаш. Русинот постигна неверојатен процент на поени освоени на првиот сервис – 96 отсто, со што доста силно доминираше над Шварцман со неговите значително поскромни 51 отсто.

Треба да знаете
Последни објави