Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја продолжи правната битка откако неговиот демократски ривал на претседателските избори, Џо Бајден, го зголеми водството во претседателската трка, пренесоа британските медиуми.
„Ќе го продолжиме овој процес на секој начин што законот ќе ни го овозможи за да обезбедиме Американците да имаат доверба во нашата влада. Никогаш нема да се откажам од борбата за вас и нашата земја”, рече Трамп во соопштението што го објави Белата куќа.