СДСМ треба под итно да престане со бледи и лажни соопштенија. Владата предводена од Заев е виновна за ситуацијата која што се случува во Република Македонија.
Заев и Филипче се гробари, поради нивната неодговорност починаа 1.096 граѓани. 1.096 семејства останаа без свој близок поради Заев и Филипче.
Во реалноста граѓаните со денови чекаат за тестирање, човек почина чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добивал инфузија во дворот на болницата, секој ден слушаме за апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега.
Функционерите на СДСМ се тестираат бесплатно и приоритетно дури и добиваат екстра терапии за кои обичните смртници може само да сонуваат.
Филипче и Заев се опасност за здравјето на граѓаните. Веќе не е една или две, туку 1.096 причини за нивна оставка.