ЕУ ќе воведе такси за САД поради субвенционирање на Боинг

Европска Унија следната недела ќе воведе такси на увозот на артикли од САД во вредност од четири милијарди долари поради американските субвениции за производителот на авиони Боинг, најавија неименувани дипломати на ЕУ.

Одлуката за воведување на такси на увозот од САД треба да биде соопштена в понеделник на состанокот на министрите за трговија на ЕУ.

Спорот помеѓу ЕУ и САД трае 16 години, а претседателот Доналд Трамп, ако ги изгуби изборите, на функција останува до 20 јануари и има доста можности да ги зголеми таксите за увоз на артикли од ЕУ.

Американскиот претставник Роберт Лајтхајзер минатиот месец предупреди дека воведувањето такси од страна на ЕУ „ќе ги принуди САД да одговорат”, а Трамп се закани дека „посилно ќе возврати”.

Некои аналитичари оценуваат дека победата на демократскиот кандидат Џо Бајден би можело да го забрза надминувањето на разликите помеѓу двете страни.

Брисел смета дека таксите, што ги одобри и Светска трговска организација ќе придонесат за успех на преговорите за решавање на спорот што почна вуште во 2004 година.

Треба да знаете
Последни објави