Заев и Димитров, за да се одржат на власт, во август 2017-та потпишаа лош договор со Бугарија и затоа денес:
-
- Македонија е попонижена од било кога
- граѓаните ни се поподелени и позагрижени од било кога, а поларизацијата во општеството и на политички, и на медиумски, и на социјален план ги достигнува нависоките пикови
- проблемите со соседите ни стануваат се побројни, задираат во идентитетот на Македонците и нивните човекови права
- ветеното ЕУ членство од страна на Заев се разобличува како предизборна манипулација и станува се понедостижна цел
- заради изјавите на Заев сите политичари и дипломати во регионот не’ земаат на потсмев, а и во македонското општество Заев станува фактор на недоверба меѓу поголемиот број граѓани
- Владиниот тим нема капацитет да понуди излез од оваа политичка и економска криза и да изгради широк политички и национален консензус за нова стратегија за стабилен напредок и функционални институции.
Во вакви услови, кои се дополнително обремените со несоодветното менаџирање на КОВИД-19 пандемијата, едно од можните решенија е оваа Влада да поднесе оставка, а по сериозни консултации во Собранието и јавноста, да се формира експертска влада составена од стручни луѓе во секоја област, која би добила широка општествена доверба и поддршка за спроведување на план за излез од актуелната криза!