Поради неспособноста на владата на Заев во Македонија нема нови капитални инвестиции, граѓаните осиромашуваат

СДСМ пред КОВИД – 19 и сега не оствари ниту една капитална инвестиција која што ќе го подобри животот на граѓаните.

Владата на Заев не е способна да се справи и да ја менаџира здравствената и економска криза.

Четирите пакет мерки на Заев за справување со економските последици од кризата не го  даваат посакуваниот ефект. Мерките се задоцнети, ненаменски и нефункционални.

Компаниите секојдневно апелираат и се  жалат дека  последните месеци едвај успеваат да работат, да ги задржат вработените, со намален капацитет.

Неспособноста на Владата на Заев  да менаџира остави без работа над 40 илјади граѓани од почетокот на кризата до денес поради лошите политики на власта.

Нема капитални инвестиции, нема проекти, нема инвестиции во инфраструктурата.

Наместо нови капитални инвестиции, во изминатиот период две фабрики ја напуштија Македонија. Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Нема пари во буџетот поради Заев и СДСМ. Граѓаните поради неспособноста на оваа влада секој ден се повеќе осиромашуваат. Заев и неговите функционери еден ден за сето ова ќе одговараат.

Треба да знаете
Последни објави