Серијалот ЕКОНОМИЈА ЗА СЕКОГО содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата. Преку едноставен и разбирлив начин, се обидуваме подобро да ги објасниме соодветните теми, за да бидат појасни за јавноста, што би придонело и за финансиската едукација на населението.
Се надеваме дека ќе ја информирате јавноста за објавата на овој информативно-едукативен текст.
Истовремено ве известуваме дека во функција на едуцирање на популацијата, текстот можете да го преземете во целост и во вашите медиуми, при што ќе го наведете изворот (веб-страницата на Народната банка) и ќе наведете дека е дел од серијалот текстови Економија за секого. Притоа може да го користите и логото на серијалот.
Се надеваме дека и преку ваша објава ќе овозможите овој текст да е достапен за јавноста, во контекст на активностите за финансиска едукација.