Во Торино, Италија, започна финалето на 66.издание на изборот на Евросонг. На финалната вечер на евровизиската сцена се натпреваруваат 25 земји, меѓу кои и овој пат ќе ја нема Македонија откако македонската претставничка Андреа Коевска со песната “Circkles” не успеа да го мине полуфиналето.
Според прогнозите, најголем фаворит за победа е украинскиот бедн Калуш Оркестра. Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија, а високо котира и српската претставничка Констракта која со својата оргинална и невообичаена изведба го привлече вниманието на јавноста, но и симпатиите на публиката.
Од првото полуфинале на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија, а на втората полуфинална вечер, во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.