Директорката на УЈП Сања Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање информираше дека УЈП на сите компании кои не им исплатиле дополнителна помош на своите вработени сметките им се блокирани, и дека на дел од нив веќе им биле повлечени овие средства од државната помош.
Сања Лукаревска информираше дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Според Лукревска, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.




