Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и работат против европската иднина, важни им се само партиските интерси

На Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им се битни граѓаните, не им е битна државата, а најмалку им е битна европската иднина на Република Северна Македонија.
Само Мицкоки и ВМРО-ДПМНЕ единствени се радуваа на историската грешка на ЕУ за незапочнување на преговори, само тие единствени не честитаа на членството во НАТО и денеска.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки се лицемерни и во домашната и во надворешната политика. СО месеци го критикуваа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, за потоа Мицкоски јавно пред камери на Борисов да му каже дека „го потркепа” договорот.
Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна партија која води сметка само за сопствените интереси на сметка на државните и интересите на граѓаните.
На само три месеци по изборите ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки бараат вонредни избори, а бегаат од изборно соочување на предвремени локални избори во Штип. Толку од сериозноста на Мицкоски, тој е политичар кој немаше став за најважните прашања, а денес неговите изјави веќе не можат да се земат со никаква сериозност.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се секогаш на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните и затоа нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.

 

Треба да знаете
Последни објави