Во Египет денеска почна гласањето за втората половина од пратениците во 13 од 27 провинции, а гласањето ќе трае до утре навечер.
По релативно слабата излезност на изборите за првата половина на пратениците на 24 и 25 октомври, граѓаните на Египет во оваа фаза избираат и пратеници од Каиро и нестабилниот северен дел на Синајскиот Полуостров.
Право на глас имаат повеќе од 31 милион граѓани.
Половина од 568 пратеници се избрани од список на поединечни кандидати, а другата половина од список со над 1.100 кандидати од четири политички партии. Претседателот ќе назначи 28 пратеници, што ќе го зголеми нивниот вкупен број за пет проценти, на 596.
Во согласност со амандманите на Уставот усвоени на минатогодишниот референдум, 25 проценти од местата се резервирани за женски кандидати.