Камала Харис: Ни претстои многу работа

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска изјави дека пред неа и новиот американски претседател Џозеф Бајден претстои многу работа.

„Овие избори се многу повеќе од (изборот) на Џо Бајден или мене. Станува збор за душата на Америка и нашата подготвеност да се бориме за тоа. Пред нас е многу работа”, напиша Харис на Твитер, по проекциите дека двоецот Бајден-харис победил на изборите.

Сенаторката од калифорнија со изборот за претседателка на САД пишува историја, бидејќи ќе биде првата жена, првата црнкиња и првата личност со јужноазиско потекло на таа функција.

Во меѓувреме, Бајден и Харис ги додадоа своите нови функции и на своите налози на Твитер. Во своите биографии додадоа „избран претседател”, односно „избрана потпретседателка” на САД.

Треба да знаете
Последни објави