Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го поздрави изборот на Џо Бајден за нов претседател на САД, наведувајќи дека Бајден го знае „како силен претставник на НАТО и трансатлантските односи”.
Столтенберг во изјавата истакнува дека американското лидерство е важно во непредвидливиот свет.
– Се радувам на блиската соработка со новоизбраниот претседател Бајден, новоизбраната потпретседателка Камала Харис и новата администрација, на понатамошното зајакнување на врските меѓу Северна Америка и Европа, подвлече генералниот секретар на НАТО.