Македонија преку Швајцарија си го трасира патот за настап на ЕП-2022

Втора победа за македонскиот  рекометен национален тим во вториот настап од Групата-7 во квалификациите за Европското првенство 2022. Вечерва во Шафхаузен, совладана е домашната селекција на Швајцарија со 25:23 и си го пласира патото за настап на завршницата од ЕП-2022, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

По изедначеното прво полувреме и нерешените 10:10, домаќините беа подобри во првите 15 минути од вториот дел и дојдоа во водство од 18:15. Следуваше серија од 5:0 за избраниците на селекторот Данило Брестовац за водство од 20:18. Оваа низа од пет постигнати без примен гол на крајот се покажа како решавачка за исходот на мечот.

Капитенот Кире Лазаров со шест погодоци беше најефикасен во македонската репрезентација. Стојанче Стоилов постигна пет гола.

Во поразениот тим најефикасен беше Андре Шмид со шест голови.

По првите две кола во седмата група, водат Данска и Македонија со по четири бода, Швајцарија и Финска немаа освоено бод.

Треба да знаете
Последни објави