Поранешниот претседател на САД Барак Обама им ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и додаде дека ги чекаат големи предизвици кога ќе влезат во Белата куќа, пред сè пандемијата на коронавирусот.
– Знам дека ќе ја работи својата работа во најдобар интерес на секој Американец, рече Обама и истакна дека изборите покажаа голема поделба меѓу народот.
– Го охрабрувам секој Американец да му даде шанса и поддршка, истакна тој.
Бајден беше потпретседател два мандати, додека Обама беше претседател на САД.