На компаниите кои ја злоупотребиле финасиската помош за исплата на плати блокирани им се сметките

Блокирани им се сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки. На дел од нив им биле повлечени и средствата кои ги добиле, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција.

-Сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби, рече Лукаревска.

Таа посочи дека постапката против овие фирми е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Владата ги објави фирмите што зеле пари од државата, а не им дале плати на работниците.

Треба да знаете
Последни објави