Бројката од 1.285 новозаразени во само едно деноноќие е доказ за неспособноста на Филипче. Бројките кажуваат дека секаде во светот се умира од коронавирус, само кај нас од неспособноста на министерот за здравство, вели во својата реакција опозициската ВМРО ДПМНЕ по соопштувањето на бројките на новозаразените од коронавирусот.
-Во само два дена имаме 2500 новозаразени, односно повеќе отколку што Филипче тврдеше дека ќе биде вкупната бројка на заразени во тек на цела пандемија.
Сутуацијата на Филипче одамна му излезе од контрола затоа што не прави ништо, туку тера ПР.
Наместо да набави вакцини за сезонски грип тој прави хумористични ведеа. Исто како што наместо да направи болнички капацитети во тек на летото тој тераше изборна кампања со Зоран Заев, па сега имаме преполни болници, и пациенти кои примаат инфузии во двор на болници.
Филипче мора да понесе одговорност. Не смее повеќе да бега и да се крие зад изговорот дека се работи за светска пандемија. Да светска пандемија е, но бројките на заразени и починати кај нас се најголеми во регионот и одговорност мора да има, и тоа веднаш!